ВАР контра Тотенхем – Челси пак ги победи Спарс за финале во Карабао купот

ВАР контра Тотенхем – Челси пак ги победи Спарс за финале во Карабао купот

пред 2 години

Антонио Конте повторно беше поразен од неговиот поранешен клуб Челси, откако „сините“ стигнаа до 0:1 победа над Тотенхем во вториот меч од полуфиналето на Англискиот лига куп, за со вкупни 0:3 да се пласираат во големото финале на „Вембли“.

Овојпат главен „противник“ на Тотенхем беше ВАР системот, кој им поништи две одлуки за пенал, како и еден гол на Хери Кејн. Антонио Ридигер во 18. минута ги донесе Челси во водство, а цела иницијатива на Тотенхем на крајот беше неуспешна.

Во 43. минута по прегледувањето на ВАР, не беше доделен пенал за Тотенхем, исто како во 57. минута, пред само шест минути подоцна, голот на Хери Кејн да биде поништен поради минимален офсајд.

Челси во борба за куп титулата ќе го чека подобриот од двомечот помеѓу Ливерпул и Арсенал, кои уште го немаат одиграно ниту првиот меч поради КОВИД-кризата кај „црвените“.

Share
Scroll to Top