Венгер: „Десетка“ во фудбалот веќе не постои!

Венгер: „Десетка“ во фудбалот веќе не постои!

пред 3 години

Поранешниот тренер на Арсенал, Французинот Арсен Венгер во интервју за „ББС“ даде свое видување зошто позицијата „десетка“ во фудбалот веќе се губи, а со тоа во втор план паѓаат играчите кои настапувале на таа позиција – веднаш зад шпиц играчот во нападот.

Венгер како пример го спомена играчот на „топчиите“ – Месут Озил.

„Ова е вистинска штета за него, Озил е во години кога неговиот талент најмногу може да дојде до израз, а вистинска штета е за клубот“ смета популарниот „Професор“.

Младиот менаџер на Арсенал, Микел Артета за кого Французинот има високо мислење повеќе ги користи играчите кои играат во меѓупросторот, кои имаат физички предиспозиции и можат да одговорат на пресинг задачите.

„Во фудбалот во моментов постојано се игра контрапресинг, брза транзиција. „Десетка“ во фудбалот веќе не постои! Тоа од фудбалот ги исфрли играчите како Озил. Сепак, за него мора повторно да се најде место во тимот“ смета Венгер.

Share
Scroll to Top