Вернер го носи Челси кон ЛШ – „чеканите тивки“ во лондонското дерби

Вернер го носи Челси кон ЛШ – „чеканите тивки“ во лондонското дерби

пред 3 години

Екипата на Челси го доби лондонското дерби против Вест Хем.

Пулените на Томас Тухел со 1-0 славеа на Олимпискиот стадион во Лондон благодарение на погодокот на Тимо Вернер од 43 минута.

И поседот на топката и ударите кон противничкиот гол беа на страна на „сините“, а Менди уште еднаш успеа да ја зачува својата мрежа чиста,

Со денешниот триумф Челси ја задржа четвртата позиција на табелата со 58 бода, која носи пласман во ЛШ идната сезона, додека Вест Хем останува 5-ти со 55 поени, бод повеќе од шампионот Ливерпул на шестата позиција.

До крајот на сезоната остануваат уште 5 кола, па борбата за пласман во елитното натпреварување останува отворена.

Share
Scroll to Top