Вест Хем го отпушти менаџерот Еспирито Санто

Вест Хем го отпушти менаџерот Еспирито Санто

пред 3 часа

По два последователни порази на домашен терен, челниците на Вест Хем му врачија отказ на менаџерот, Нуно Еспирито Санто.

И четвртиот клуб во Англија ја прекина соработката со Нуно Еспирито Санто. Претходно беше отшуштен во Вулверхемптон, Тотенхем, Нотингем Форест.

„Чеканите“ ги загубија последните два натпревари во Чемпионшип, против Саутемптон со 3:2 и Вест Бром со 3:1. Овие два тима им се директни ривали во борбата за промоција во Премиер лигата.

По овие два порази, Вест Хем падна на осмото место на табелата од втората лига во англискиот фудбал.

Два последователни домашни катастрофи беа нешто што раководството на клубот не можеше да го надмине, а навивачите исто така јасно ги искажаа своите желби со своите песни.

Интересно е што Португалецот остана на клупата на Вест Хем и покрај испаѓањето од Премиер лигата, како и што Чемпионшипот започна добро и тој беше прогласен за менаџер на месецот за септември.

Тимот привремено ќе го води Марк Нобл, потпомогнат од Стив Потс и Џаред Прадервил. Кандидати за постојана работа се Скот Паркер, Киран Мекена, Роб Едвардс, Шон Дајч и Томас Франк.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top