Бејл: На место сум каде повторно се чувствувам сакано!

Бејл: На место сум каде повторно се чувствувам сакано!

пред 3 години

Велшкиот фудбалер Герет Бејл во септември годинава дојде на позајмица во Тотенхем од редовите на Реал Мадрид. Во 6 настапи за „петлите“ досега има еден погодок и една асистенција, со оглед на фактот што ги пропушти првите неколку натпревари поради повреда.

„Одлично е повторно да играш и да си на местото каде се чувствуваш сакано. Се враќам во оптимална физичка подготовка на теренот и тоа еона што секој играч го радува. Среќен сум што сум на добро место во моментов. Се уште има простор за напредок“ рече Бејл за „Wales Online“.

Тој во Реал беше во немилост на тренерот Зинедин Зидан, додека во Тотенхем е еден од омилените играчи на Жозе Мурињо.

„Се уште се привикнувам на тоа. Моето тело се враќа на ритамот на настапи на секои неколку дена и се уште е многу стегнато, но што повеќе меча одиграм, со тоа ќе биде и подобро. На правиот пат сум и повторно уживам во играта“ рече Бејл.

Share
Scroll to Top