И папата тагува по Марадона: Тој беше поет и голем шампион

И папата тагува по Марадона: Тој беше поет и голем шампион

пред 3 години

Папата Франциск му оддаде последна почит на неговиот аргентински сонародник, Диего Марадона, потсетувајќи се на финалето на Светското првенство во 1986 година, кога Аргентина ја совлада Западна Германија, а тој беше студент во Франкфурт.

„Го сретнав Диего Марадона за времен а мечот за мир во 2014 година и се сеќавам на добрите работи кои Диего ги направи за ‘Сколас окурентес’, фондацијата која се грижи за тие со помалку среќа. На теренот тој беше поет, голем шампион кој донесе радост на милиони луѓе, во Аргентина и во Неапол. Но, исто така беше и многу кршлив човек. Имам лично сеќавање околу Светското првенство во 1986 кога Аргентина победи благодарение на Марадона. Тогаш живеев во Франкфурт, го учев германскиот јазик и собирав материјали за мојата теза. Не го гледав финалето, туку дознав следниот ден кога еден Јапонец напиша ‘Вива л’Аргентина’ на таблата. За мене тоа беше победа над самотијата бидејќи немав со кого да ја споделам радоста. Кога слушнав за смртта на Марадона, се помолив за него и за неговото семејство“, вели папата во интервју за „Газета дело спорт“.

Тој исто така зборуваше за своето детство и љубовта кон фудбалот.

„Имавме топка со партали, pelota de trapo, бидејќи кошата беше скапа, а ние бевме сиромашни. Правевме чуда со неа. Не бев меѓу најдобрите, туку нешто што во Аргентина го нарекуваат pata dura – тешка нога. Затоа секогаш бев голман“, додава Франциск.

Share
Scroll to Top