Вест Хем го победи Фулам – Лукман се изрезили во 98 минута

Вест Хем го победи Фулам – Лукман се изрезили во 98 минута

пред 3 години

Вест Хем, во драматичен натпревар, го победи Фулам со 1:0, во осмото коло. Вест Хем го забележаа третиот триумф во сезоната, а Фулам се поразени шести пат.

Дуелот на стадионот на Вест Хем имаше динамично прво полувреме, во кое Вест Хем не искористиха неколку добри шанси и здодевно второ, во кое Вест Хем го контролираше поседот на топка, но без сериозна закана кон голот на одличниот Ареола.

Во 91 минута Бехрама му асистираше на Соучек, а Чехот погоди за водство на Вест Хем. Фулам притисна во последните минути, добија пенал, наместо стандардниот изведувач Митровиќ, топката ја зеде Лукман.

Поранешниот играч на Евертон ја намести топката во 97 минута, се обиде со „паненка“, но промаши.

Share
Scroll to Top