Ветеранот Пол Милсап чека понуда од најмалку 5,9 милиони долари годишно

Ветеранот Пол Милсап чека понуда од најмалку 5,9 милиони долари годишно

пред 3 години

Кога еден кошаркар е во поодминати играчки години, и кога нема притисок врз глава да одбира каде ќе ја продолжи кариерата, може спокојно да бира до крајот на преодниот рок.

Таков е случајот со НБА ветеранот Пол Милсап (36) кој е слободен играч откако му истече договорот со Денвер Нагетс. Сега, според пишувањата на американските медиуми, ужива на годишен одмор и ги разгледува понудите кои му доаѓаат, а ги има повеќе.

Меѓу најатрактивните е онаа од Голден Стејт Вориорс, но засега се уште не преговарал со ниту еден клуб.

Информациите се дека Пол (крилен центар, висок 2.01 метри) чека понуда од најмалку 5,9 милиони долари по сезона.

За Милсап заинтереирани се Атланта, Њу Орлеанс, Филаделфија, Минесота…

Share
Scroll to Top