Вечерва во Скандинавија започнува женскиот Мундијал

Вечерва во Скандинавија започнува женскиот Мундијал

пред 10 месеци

Вечерва во Скандинавија започнува Светското првенство во ракомет за жени. Домаќини на Мундијалот се Норвешка, Шведска и Данска. Светското првенство ќе биде отврено со два натпревари во Данска. Репрезентацијата на Украина, која во баражот ја елиминираше Македонија во Фредериксхавн ќе игра против Бразил, а во Ставангер ќе се сретнат Јужна Кореја и Австрија.

Светското првенство ќе се игра во Хернинг, Фредериксхавн и Ставангер (Данска),Хелсинборг и Гетеборг (Шведска) и Трондхајм (Норвешка).

Првата фаза која ќе започне вечерва, ќе заврши на 5 декември. Втората фаза ќе се игра од 6 до 11 декември, а ден поодцна ќе започне нокаут рундата. Финалниот меч е закажан за 17 декември. Титулата ја брани Норвешка.

Група А: Шведска, Хрватска, Кина, Сенегал
Група Б: Црна Гора, Унгарија, Камерун, Парагвај
Група Ц: Норвешка, Јужна Кореја, Гренланд, Австрија
Група Д: Франција, Словенија, Исланд, Ангола
Група Е: Данска, Романија, Србија, Чиле
Група Ф: Германија, Полска, Јапонија, Иран
Група Г: Бразил, Шпанија, Украина, Казахстан
Група Х: Холандија, Чешка, Аргентина, Конго

Share
Scroll to Top