Интер во наредниот период ќе биде без Артуро Видал. Клубот објави дека Чилеанецот, утре ќе биде опериран во институтот Розано. Видал подолг период имал проблем со менискусот.
Артуро Видал, од почетокот на сеозната, настапи на 23 натпревари, постигнал еден гол и забележал две асистенции. Тој играше против Аталанта, во понеделникот, но издржа само 45 минути. Потоа во консултација со клупските лекари решил да оди на операција.
Интер засега не објави колкава пауза го очекува Видал, но се претпооставу дека тој за најмногу еден месец повторно ќе биде во тимот.