(Видео) Баерн се изнамачи со Сент Паули, Борусија го доби дербито против Лајпциг

(Видео) Баерн се изнамачи со Сент Паули, Борусија го доби дербито против Лајпциг

пред 3 дена

Лидерот на табелата во Бундес лигата, Баерн го победи Сент Паули со 3:2 и ја задржа предноста од шест бода во однос на актуелниот првак, Баер Леверкузен. Во дербито на ова 27.коло, Борусија во Менхенгладбах го победи Лајпциг со 1:0.

Хари Кејн го отвори резултатот во 17. минута. Одбраната на гостите претходно погреши, Џамал Мусиала го проигра Мишел Олисе, кој брзо му ја додаде топката на Кејн, а најдобриот стрелец на Бундеслигата го постигна својот 22 гол сезонава.

Гостите од Хамбург им пружија достоен отпор на фаворитите и успеаја да израмнат точно десет минути по воведниот гол на Баварците. Одбраната на Баерн за момент заспа, што го искористи Гркот Салиакис и му асистираше на Тунижанецот Елиас Сада за 1:1.

Сепак, во вториот дел домаќините ја потврдија улогата на фаворити со двата гола на Лерој Сане, прво Олисех забележа уште една асистенција, а потоа Кејн за 3:1.

Во последните моменти од натпреварот гостите за добрата игра беа наградени со втор гол, постигнат од Ларс Ричка.

Во дербито на колото, Борусија Менхенгладбах пред своите гледачи го совлада РБ Лајпциг со голот на Алесано Плеа во 56. минута.

Со истиот резултат Хајденхајм славеше важна победа во борбата за опстанок, сите три бода во Волфсбург им ги донесе голот на Марвин Пирингер од пенал во 17. минута.

Најубедливата победа во саботата ја остварија фудбалерите на Вердер Бремен на гостувањето кај последнопласираниот Холштајн Кил. Вердер победи со головите на Марвин Дукш, Феликс Агуа и Марко Грул.

Победник немаше само во дуелот помеѓу Хофенхајм и Аугсбург. 1:1. Гостите од Баварија поведоа на самиот почеток од вториот дел со голот на Самуел Есенде, а израмни Андреј Крамариќ од пенал во 71. минута.

Share
Scroll to Top