Барселона претстави специјален дрес за претстојното Ел Класико (26 октомври), на кој на предната страна ќе стои логото на британската поп-ѕвезда Ед Ширан.
„Со овој потег, каталонскиот клуб ја продолжува својата иновативна соработка со „Spotify“, зближувајќи ги световите на фудбалот и музиката пред големото дерби со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, пишува „goal.com“.
Во она што веќе стана традиција пред најголемото дерби на Шпанија, партнерството на Барселона и „Spotify“, произведе уште еден привлечен дизајн на дрес. Ширан е најновото големо име што се придружи на листата на музичари чии логоа се појавија на клутниот дрес, по Дрејк, Росалија, Ролинг Стоунс и Карол Џи.
Британскиот пејач и текстописец со тоа стана првиот машки соло поп-артист што ја доби оваа чест. Дресот од специјалното издание за прв пат ќе го носи женскиот тим на Барса на 19 октомври против Гранада, додека тимот на Ханси Флик ќе го претстави на светот на 26 октомври во Мадрид.
За Ед Ширан, кој е познат како голем фудбалски навивач, оваа соработка е сон што се остварува.
Клубот објави дека ексклузивните дресови од колекционерското издание ќе бидат достапни од 15 октомври.