(Видео) БиХ испадна од Мундијалот – Американците против Белгија во осминафиналето

(Видео) БиХ испадна од Мундијалот – Американците против Белгија во осминафиналето

пред 4 часа

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство. Со играч повеќе, загубија со 2:0 од САД во осминафиналето. Головите за САД ги постигнаа Фоларин Балогун во 45-та и Малик Тилман во 82-та минута од натпреварот одигран во Санта Клара. САД ќе играат против Белгија во осминафиналето на 7 јули во 2:00 часот.

Босна и Херцеговина го отвори натпреварот подобро и доби корнер во првата минута. Керим Алајбеговиќ ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме во 11-та минута, кога се обиде да постигне гол директно од корнер, но американскиот голман Мет Фриз некако успеа да ја исфрли топката.

Американците прво се заканија преку Кристијан Пулишиќ, а потоа следуваше период на нервозна игра. Голманот на БиХ, Никола Васиљ, остана да лежи во 18-та минута по судирот со Антони Робинсон, но го продолжи натпреварот откако доби медицинска помош. Во 31-та минута, голот на Фоларин Балогун беше поништен поради офсајд.

Напаѓачот на САД беше видливо нервозен и во неколку наврати побара пенал. Сепак, во 45-та минута, Американците поведоа. По долга топка, Стјепан Радељиќ, лошо јја одби топката, таа удри во петицата на Тарик Мухаремовиќ се одби до Балогун, кој постигна гол за 1:0. Во долгото продолжение, Балогун ја погоди и гредата.

Второто полувреме започна со лоши вести за БиХ. Капитанот Един Џеко мораше да ја напушти играта поради повреда во 51-та минута, а тренерот Сергеј Барбарез направи тројна замена. Влегоа Есмир Бајрактаревиќ, Ермин Махмиќ и Бенјамин Тахировиќ. Важен момент од натпреварот се случи во 63-та минута.

По грубиот пркршок врз Мухаремовиќ и проверката на ВАР, стрелецот на единствениот гол, Балогун, доби директен црвен картон. Босна и Херцеговина доби половина час со играч повеќе за израмнување. Сепак, тимот на Барбарез не можеше да создаде конкретна можност. Американците се бранеа дисциплинирано, а во 79-та минута, поради офсајд беше поништен голот на Пулишиќ.

По прекршокот на Радељиќ од 19 метри, Малик Тилман испрати слободен удар преку живиот ѕид. Васиљ ја имаше топката во рака, но таа заврши во мрежата за конечни 2:0.

До крајот на натпреварот, Босна и Херцеговина се обидуваше барем да ја намали разликата, но ударите на Алајбеговиќ и Махмиќ во судиското продолжение не беа прецизни.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top