Пипен: „Последниот танц“ не е точен!

Пипен: „Последниот танц“ не е точен!

пред 3 години

Спортските настани пролетоска беа покриени од пандемијата на коронавирусот во светски рамки, а документарниот филм „Последниот танц“ посветен за кариерата на Мајкл Џордан внесе свежина. Сепак, предизвика и многу конроверзи, пред се како во него е прикажан еден од најблиските соиграчи на Џордан – Скоти Пипен.

Медиумите во САД тогаш пишуваа дека Пипен е бесен на Џордан за сето она што се нашло во документарецот, но во јули Пипен сето тоа го демантираше објаснувајќи дека нема причина да се навреди од нешто што се случило пред 30 години.

Сега, во интервју за „Гардијан“ Пипен сепак вели дека некои работи му пречеле во документарецот.

„Не мислам дека `Последниот танц` е точен во смисла на дефинирање што се случило во една од најголемите ери во историјата на кошарката. Мислам дека тој документарец тоа не го стори, туку поентата на Мајкл беше тој самиот да се глорифицира, да се издигне. Мислам дека на некој начин тоа му се `удри од глава`, затоа што луѓето можеа да видат за каква личност се работи“ вели Пипен.

Екс-кошаркарот во интервјуто раскажува дека по прикажувањето на документарецот расговарал со Џордан и му го кажал своето мислење за него.

„Му реков дека не сум премногу задоволен, тој го прифати тоа и ми рече `Во право си`. Тоа беше се“ раскажа Пипен.

Share
Scroll to Top