(Видео) Галатасарај во 93.минута го победи Молде, Брага славеше над ПАО, нула во Хаифа

(Видео) Галатасарај во 93.минута го победи Молде, Брага славеше над ПАО, нула во Хаифа

пред 9 месеци

Фудбалерите на Брага и Галатасарај стекнаа предност во првите бараж натпревари за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите. Брага славеше во дуелот со Панатинаикос, додека Галатасарај предводен од Мауро Икарди славеше на гости кај Молде. Натпреварот Макаби Хаифа-Јанг Бојс заврши без голови.

Брага го надигра Панатинаикос, но на реваншот во Атина ќе патува само со гол предност. Руис во 51.минута го постигна првиот, а Џало во 73. вториот гол за португалскиот тим. Во 95.минута Мансини ја шокираше Брага и на својот тим му обезбеди пристојна негатива пред ревашот.

Во Норвешка, Галатасарај го победи Молде со 3.2. Норвежаните играа подобро, но скапо ги платија грешките во одбраната. Елингсен го совлада Муслера по осум минути игра, Галата потоа за четири минути, од 25. до 29. со головите на Оливеира и ИКарди направи пресврт.

Во вториот дел Хауген израмни на 2:2. И кога делуваше дека нема да има победник, во 93.минута, Икарди ја искористи грешката на Бјорнбак, му ја украде топката, го проигра Фредерик кој ја смести топката во празната мрежа.

Реванш натпреварите ќе се одиграат на 29.август.

Share
Scroll to Top