(Видео) Голманот Фалконе херој на Лече, избори пенал за реми во 100. минута

(Видео) Голманот Фалконе херој на Лече, избори пенал за реми во 100. минута

пред 10 месеци

Фудбалерите на Лече и Болоња одиграа крајно возбудливи 1:1 во натпреварот од 14. коло на Серија А. Ова беше дуел на екипи кои најчесто ремизираат во Серија А од почетокот на сезоната. Лече и Болоња имаат по седум нерешени натпревари.

Натпреварот на стадионот „Виа дел Маре“ траеше 101 минута и во претпоследната минута од судиското надополнување домашните од пенал дојдоа до 1:1.

Претходно, прекршок во шеснаесетникот на гостите изнуди голманот на Лече, Фалконе.

По прегледот на ВАР беше утврдено дека е фаулиран, па домашните добија шанса од белата точка и Пиколи го постави конечниот резултат.

Претходно гостите водеа од 68. минута со голот на Гркот Харалампос Ликојанис.

Share
Scroll to Top