„Кралот“ Надал со 99-та победа на Ролан Гарос за ново финале!

пред 4 години

Рафаел Надал ја забележа неверојатната 99-та победа на својот омилен турнир, Ролан Гарос, за да го совлада аргентинскиот 12. носител Диего Шварцман со 6:3/6:3/7:6(0) и да се пласира во ново финале на Франција опен, каде што ќе оди на неверојатна 13-та титула. Во финалето, Надал ќе се судри со подобриот од дуелот меѓу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и грчката сензација Стефанос Циципас. Ова е слатка одмазда за Надал, откако Шварцман минатиот месец првпат по 10 обиди успеа да го совлада Шпанецот на Мастерсот во Рим, меѓутоа на својот омилен терен „Филип Шартие“ и покрај студеното време, Надал не дозволи изненадување. Тој ги освои првите два сета со по еден брејк, пред и во третиот да има брејк предност, но упорниот Шварцман го предизвика и се врати за тај-брејк, кој на крајот го загуби со 7:0. Во недела Надал ќе има вистински предизвик, можен дуел со својот стар ривал Ѓоковиќ, и шанса да ја освои својата 20-та гренд слем титула, со што би се израмнил со уште еден стар ривал, рекордерот Роџер Федерер.

Share
Scroll to Top