(Видео) Двократниот шампион падна и се повлече од Тур де Франс

(Видео) Двократниот шампион падна и се повлече од Тур де Франс

пред 20 часа

Јонас Вингегорд, еден од главните фаворити за победа на Тур де Франс, мораше да се повлече од трката по тешкиот пад во 15-таа етапа. Данецот падна 22 километри пред целта на делницата од Шампањол до Плато де Солезон.

Во десна кривина на кружниот тек, неговиот велосипед се лизна, по што падна на десното рамо и не можеше да продолжи. Првите информации сугерираат дека станува збор за скршена клучна коска. Двократниот победник на Тур де Франс беше придружуван од лекар до амбулантното возило.

Вингегор го напушта овогодинешниот Тур како второпласиран во генералниот пласман, четири и пол минути зад Погачар, кој, во договор со тимот на ОАЕ, одлучи да не ја нападне етапната победа денес од почит кон повредениот ас на Висма.

Двократниот шампион од 2022 и 2023 година пристигна во Франција како актуелен победник на Џиро д’Италија, верувајќи дека може да изведе еден вид подвиг и да ја врати титулата на Тур по двегодишното владеење на Погачар. Неговата кампања заврши на грд начин, но нема сомнение дека ќе го видиме повторно на стартот следната година.

На крајот, победата му припадна на Ремко Ивенпул, кој до падот на Вингегор беше трет во генералниот пласман, пет минути зад Погачар, а сега е втор.

Share
Scroll to Top