Почетино: Тешко дека ПСЖ ќе ја одбранат титулата

Почетино: Тешко дека ПСЖ ќе ја одбранат титулата

пред 3 години

По вчерашниот домашен пораз против главните ривали за титулата, Лил, тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино признава дека е тешко да се верува дека тие повторно ќе станат француски шампиони.

На само седум меча пред крајот, ПСЖ заостанува три поени над Лил и само еден пред Монако, и Аргентинецот, кој го замени Томас Тухел во богатиот клуб, признава дека е тешко да се верува дека ќе стигнат до четврта титула во низа.

„Ќе биде многу тешко да се одбрани титулата. Знаевме дека нема да биде лесно до крајот на сезоната, но мораме да продолжиме и да мислиме на нашите цели. Заслуживме повеќе од поен и секако дека сме разочарани“, вели Почетино.

Откако имаше старт од соништата, со освојување на првата титула како тренер во Францускиот суперкуп, Почетино и ПСЖ беа неубедливи – имаат три домашни порази во низа (Монако, Нант и Лил). Сега, нема време за мирување – им следува реванш против Баерн Минхен во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top