(Видео) Дебакл на Фенербахче во Данска – Нордсјеланд испорача шест гола во мрежата на Ливаковиќ

(Видео) Дебакл на Фенербахче во Данска – Нордсјеланд испорача шест гола во мрежата на Ливаковиќ

пред 10 месеци

Катастрофалниот порз на Фенербахче во Данска ги обележа натпреварите од претпоследното коло во фазата по групи, во Конференциската лига. Нордсјеланд го победи турскиот великан со 6:1 и ја презеде првата позиција во Х групата. Поразот на Фенербахче го искористи Лудогорец, кој со победата во Словачка над Спартак Трнава (2:1) ја презеде втората позиција на табелата.

Нордсјеланд до победата над Фенербахче го предводеше Нигрен со хет-трик, а по еден гол постигнаа Хеј, Свенсон и Расмусен. Единствениот гол за Фенер го постигна Батшуаи во финишот на првиот дел.

Во последното коло Нордсјеланд ќе му гостува на Лудогорец, а Фенербахче ќе игра дома против Спартак Трнава.

Share
Scroll to Top