(Видео) Дончиќ исклучен – Оклахома им се реваншира на Лејкерси

(Видео) Дончиќ исклучен – Оклахома им се реваншира на Лејкерси

пред 4 дена

Оклахома Сити Тандер во ноќта зад нас ги совлада Лос Анџелес Лејкерс со 136:120. Тандер им се реваншираа на Лејкерси за убедливиот пораз пред само два дена.

Оклахома Сити Тандер победија со двоцифрена победа по 51-ви пат во сезоната, со што стана најдобар тим во историјата на кошарката. Тие ги надминаа претходните рекордери, Лос Анџелес Лејкерс од сезоната 1971/72.

Прашање е како ќе завршеше натпреварот доколку на 7:40 пред крајот не беше исклучен еден од најдобрите играчи на лејкерси, Лука Дончиќ. По одлична соло акција, Дончиќ погоди преку Ајзеа Хартенштајн за предност на Лејкерси 108:107. Тој ги прослави поените извици кон десниот агол на теренот.

На тоа веднаш реагираше судијата и му досуди техничка грешка на Дончиќ. Со оглед на тоа дека тоа му беше втора, тој беше исклучен. Американците пишуваат дека судијата погрешно го разбрал Дончиќ. Мислел дека тоа е насочено кон него, но ѕвездата на Лејкерси всушност му се обратил на навивач на Оклахома кој претходно го навредувал.

Лејкерси потонаа по исклучувањето на Дончиќ, кој до тој момент постигна 23 поени (7/15 гол од поле). Ниту Леброн Џејмс и неговите 28 поени и седум скока, ниту Остин Ривс со 25 поени и пет скока и асистенции не можеа да го спречат поразот.

Шеј Гилџис-Александер ги предводеше домаќините до победата со 42 поени (14/26 од поле и 5/9 за тројки) и шест скока и асистенции. Џејлен Вилијамс постигна 26 поени.

Со оваа победа Оклахома стигна до рекорд од 65-14 и го има најдобриот учинок во целата НБА, што значи предност на домашен терен во текот на целиот плеј-оф.

Тандер имаат две победи повеќе од Кливленд Кавалирс на три натпревари до крајот на сезоната.

Ова е рекордна сезона за Оклахома бидејќи тие ќе ги надминат нивните претходници Сиетл Суперсоникс кои имаа рекордни 64-18 во сезоната 1995/96.

Share
Scroll to Top