(Видео) Италијански војник го снимал тренингот на Џеко и соиграчите

(Видео) Италијански војник го снимал тренингот на Џеко и соиграчите

пред 2 часа

Непознато лице го снимало последниот тренинг на БиХ пред дуелот против Италија како дел од баражот за пласман на Светското првенство.

На новинарите им било дозволено да присуствуваат на тренингот првите 15 минути, но откако истекол споменатиот период, еден италијански војник останал да го снима тренингот.

Ова предизвика реакција од репрезентацијата на БиХ, која потоа објави дека ќе испрати официјална жалба до мисијата ЕУФОР.

Овој настан дополнително ќе ги подигне тензиите пред овој дуел, кој ќе го одреди патникот на Светското првенство, кое се одржува ова лето во САД, Канада и Мексико.

Има голем интерес за овој натпревар, се очекува полн стадион во Зеница, каде што екипата на Сергеј Барбарез ќе се обиде да се квалификува за Светското првенство. Интересно и Босна и Херцеговина и Италија последен пат учествуваа на СП во 2014 година.

Share
Scroll to Top