(Видео) Карабатиќ ја заврши клупската кариера и Ѓоковиќ го гледаше неговиот последен натпревар за ПСЖ

(Видео) Карабатиќ ја заврши клупската кариера и Ѓоковиќ го гледаше неговиот последен натпревар за ПСЖ

пред 6 месеци

За многумина најдобриот во историјата на ракометот, Никола Карабатиќ, стави крај на клупската кариера. Во пензија ќе замине по завршувањето на Олимпискиот турнир во Париз.

Пред 15.000 гледачи во „Берси“, ПСЖ го победи Екс со 39:36 и ја освои шампионската титула. ПСЖ мораше да победи бидејќи во последното коло влезе со само бод повеќе од Нант.

На прошталниот натпревар, Карабатиќ одигра 12 минути и 18 секунди, постигна еден гол.

Многу познати личности го следеа натпреварот, меѓу нив беше и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со сопругата.

Карабатиќ има 40 години. Минатото лето тој објави дека ова е последна сезона во неговата кариера. Големиот ас освои се со француската репрезентација и тоа го направи неколку пати, а европски првак беше со три различни клуба Монпелје, Кил и Барселона.

За девет сезони во дресот на ПСЖ сепак не успеа да го освои највредниот пехар на Стариот континент кој со години им бега на ракометарите но и на фудбалерите.

Share
Scroll to Top