(Видео) Кари се повреди во поразот на Вориорс од ЛА Клиперс

(Видео) Кари се повреди во поразот на Вориорс од ЛА Клиперс

пред 10 часа

Голден стејт Вориорс го доживеаја првиот пораз во новата сезона и останаа без најдобриот играч, Стеф Кари. Вориорс загубија од ЛА Клиперс 104:112.

При крајот на третата четвртина Кари го повреди скочниот зглоб, па не можеше да го продолжи мечот во кој неговиот тим беше поразен од ЛА Клиперс со 112:104.

По натпреварот тренерот на Вориорс, Стив Кер, ги откри првите детали поврзани со повредата на Кари.

„Добро е. Го употреби зборот „благ“ или „умерен“.

Тренерот на Голден стејт исто така додаде дека Кари веднаш ќе оди на преглед на резонанца.

Инаку, Кари за неполни 27 минути постигна 18 поени со четири скока и шест асистенции.

По три одиграни натпревари, Голден стејт има скор 2-1, а следниот меч го игра на домашен терен ноќта меѓу вторник и среда против екипата на Њу Орлеанс.

Share
Scroll to Top