(Видео) Кар со звукот на сирената го реши Олимпијакос

(Видео) Кар со звукот на сирената го реши Олимпијакос

пред 10 часа

Кошаркарите на Виртус направија изненадување совладувајќи го Олимпијакос во Болоња со резултат од 96:94.

Европскиот шампион го претрпе првиот пораз во сезоната, додека Виртус го забележа својот прв триумф.

Херој беше Маркус Кар, најефикасен во својот тим со 22 поени и 10 скока.

Канаѓанецот погоди тројка, негова петта во натпреварот, со звукот на сирената преку Коди Милер-Мекинтајер.

Покрај Кар кај Виртус се истакнаа Диара со 18 поени и 14 скока, Алстон со 17, а Мур со 12 поени.

Најдобар играч за Олимпијакос беше Ндијаје со 23 поени и седум скока, Дорси имаше 22, а Везенков имаше 20 поени, со шест скока.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top