(Видео) Кимих со солзи во очите тргна да се пресмета со помошникот на Тухел

(Видео) Кимих со солзи во очите тргна да се пресмета со помошникот на Тухел

пред 3 месеци

Баерн кризата во која се наоѓа ја продлабочи во Бојум. Најтрофејниот германски клуб, загуби од домаќинот со 3:2. По овој пораз, одбраната на титулата стана невозможна мисија. Баерн на 12 рунди до крајот на Бундеслигата има осум поени помалку од Баер Леверкузен.

Баерн во Бохум го забележа третиот пораз во низа. Претходно го загубија дербито во Леверкузен и беа поразени од Лацио во Лигата на шампионите.

По поразот во Бохум, фудбалерите на Баерн беа во шок. Повеќето од нив паднаа на тревата во неверување, а Џошуа Кимих имаше жестока вербална пресметка со помошниот тренер Золт Лев.

Еден од клучните играчи на Баерн не можеше да поверува кога виде дека Тухел го извади од игра во 63. минута, едвај ги задржа солзите гледајќи го мечот до крајот. Во еден момент не можеше повеќе да издржи и го нападна Лев, кој му возврати со сличен асортиман на пцовки. Очевидци велат дека за малку ќе дошло до физичка пресметка.

Баерн во следното коло од Бундеслигата ќе игра против Лајпциг, а потоа ќе има реванш во Лигата на шампионите на домашен терен со Лацио.

Share
Scroll to Top