(Видео) Лацио ја елиминира Рома во Купот на Италија

(Видео) Лацио ја елиминира Рома во Купот на Италија

пред 4 месеци

Foto/ EPA

Фудбалерите на Лацио изборија пласман во полуфиналето на Купот. Тие во четвртфиналето го победија најголемиот ривал Рома со резултат 1:0.

Јунак на победата на небесносините беше Матија Закањи, кој во 51. минута од пенал го доведе својот тим до предност и на крајот до победа.

„Дерби дела Капитале“, донесе фудбал со исклучително слаб квалитет и многу нервоза, особено во финишот кога црвени картони добија Педро од Лацио и Азмун од Рома.

Во полуфиналето Лацио ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Јувентус и Фросиноне.

Share
Scroll to Top