Марка: Мбапе до петок ќе потпише со Реал

Марка: Мбапе до петок ќе потпише со Реал

пред 2 години

Во наредните денови ќе заврши сагата „Новиот клуб на Килијан Мбапе“, тврди „Марка“. Овој медиум, кој секогаш е добро информиран за се она што се случува на „Сантјаго Бернабеу“, тври дека Мбапе наскоро ќе потпише договор со Реал.

Според овој извор, доколку не се случи нешто непредвидено, Мбапе до петок ќе го стави својот потпис на договорот со Реал.

„Марка“ го објави и деталите од договорот што ќе го добие Мбапе. Само за потпис на договорот, како бонус, Мбапе ќе добие сума од 60. до 80.000.000 евра, неговата нето плата ќе изнесува 25.000.000 евра.

Реал ќе го официјализира трансферот на Килијан Мбапе по завршувањето на сезоната.

Share
Scroll to Top