(Видео) Мајсторија на Јамал, Барселона победи во Билбао

(Видео) Мајсторија на Јамал, Барселона победи во Билбао

пред 2 часа

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетик во Билбао со 1:0 (0:0) во натпревар од 27-то коло на шпанската Ла Лига.

Избраниците на Ханси Флик го скршија отпорот на Билбао дури во 68-та минута, а минималната победа ја остварија со голот на Ламин Јамал, кој постигна гол по асистенција од Педри.

Јамал мајсторски успеа да го матира противничкиот голман од работ на шеснаесетникот.

Барселона ја забележа 22-та победа во сезоната и ја задржа предноста од четири бода во однос на Реал Мадрид.

Од друга страна Атлетик Билбао е поразен по 12-ти пат во сезоната и го држи деветтото место со 35 бода.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top