Foto/ ABA liga
Будуќност вечерва го забележа петтиот пораз во АБА лигата. Градскиот ривал на Будуќност, СЦ Дерби славеше како гостин со 94:82.
Поразот тешко го прифатија навивачите на Будуќност, кои по натпреварот тргнаа да се пресметаат со кошаркарите.
Како што пренесуваат „Вијести“, полицијата и обезбедувањето во салата спречиле поголем инцидент. Еден од нив сепак, успеал да ја прескокне оградата, а неколку од нив и да влезат во соблекувалната на Будуќности.
Набрзо се завршило, а играчот Брендон Пол истрчал од соблекувалната во потера по еден од хулиганите.
Будуќност има скор од 8-5.