(Видео) Немили сцени пред ковчегот на Марадона: Фанови се судрија со полицијата

пред 3 години

Улиците на аргентинската метропола Буенос Аирес се претесни за реката фанови кои сакаат да му кажат последно збогум на фудбалскиот ас, Диего Армандо Марадона.

Ковчегот со телото на Марадона е изложен во Розовата куќа (Каса Росада), претседателската палата во срцето на аргентинската престолнина.

Аргентинците скршени од болка ја испраќаат фудбалската легенда, по тажната вест која беше објавена во средата, а се проценува дека милион луѓе ќе му оддадат почит на поранешниот фудбалер.

Ковчегот на Марадона ќе биде изложен во претседателската палата во следните 48 часа, пренесуваат спортските портали.

Збогувањето со Марадона почна во 12 часот, а голем број луѓе се собраа со часови порано за да добијат шанса да го поздрават фудбалскиот бог. Сепак, се случи и инцидент кога се степаа дел од граѓаните со полицијата во обид да ја пробијат оградата.

И обезбедувањето пред ковчегот имаше проблеми, зашто дел од граѓаните сакаа да се приближат, но тоа не им е дозволено.

Работите функционираат така што насобраните фанови минуваат низ Розовата куќа и се збогуваат со Марадона, за што нема многу време, бидејќи луѓето можат да поминат само покрај ковчегот меѓу кој има ограда.

Share
Scroll to Top