(Видео) Нејмар купил Бетмобил од 1,3 милиони евра, но не може да го вози

(Видео) Нејмар купил Бетмобил од 1,3 милиони евра, но не може да го вози

пред 1 ден

Бразилскиот напаѓач Нејмар плати 1,3 милиони евра за реплика на Бетмобилот, возилото на Бетмен од филмската трилогија на Кристофер Нолан, кое се снимаше од 2005 до 2012 година.

Нејмар чекаше на ова возило цели три години. Проблемот е што тој нема да може да го вози по официјални патишта, туку само на приватен имот.

Бетмобилот на Нејмар наводно ја има целата опрема како во филмот, вклучувајќи и пламенофрлач на каросеријата. Исто така, нема огледала или таблички, ниту е во согласност со прописите во Бразил.

Поради оваа причина, 33-годишниот напаѓач мора да го чува ова возило во својот дом во бразилскиот град Сантос.

Бетмобилот има помеѓу 450 и 500 коњски сили и е дизајниран од Адемар Кабрал, кој тврди дека секој дел го направил рачно.

Фото/ Screenshot: X

Share
Scroll to Top