CR7 до фановите по поразот од „виолетовите“: Ќе ви се оддолжиме!

CR7 до фановите по поразот од „виолетовите“: Ќе ви се оддолжиме!

пред 3 години

Фиорентина синоќа го разби Јувентус сред Торино со 3-0 во рамки на 13. коло од Серија А. Во таборот на италијанскиот шампион се бесни на судењето на Федерико ла Пена кој во 18 минута му покажа директен црвен картон на Квадрадо, но според мислењето на Павел Недвед, тој пропуштил да досуди чист пенал за Јувентус, а не му дал ниту црвен картон на Борха Валеро.

Од судењето не беше задоволен ниту тренерот Пирло.

Првата ѕвезда на „црно-белите“ Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи по поразот кој Јуве го оддалечи од водечкиот Милан на 7 бода пред мечот од ова коло кој „росонерите“ вечерва го играат дома со Лацио.

„Вчера со лошиот натпревар и неприфатливиот резултат го затворивме распоредот за 2020 година, посебна година на многу специфични начини. Празни стадиони, Ковид-протоколи, одложени мечеви, долги прекини и многу збиен распоред. Но ова не не оправдува ни ништо. Знаеме дека мора да дадеме повеќе од себе за да играме подобро и да победуваме. Ние сме Јувентус! Едноставно не можеме не можеме да прифатиме ништо помалку од совршенство на теренот. Се надевам дека оваа кратка пауза ќе ни помогне да се вратиме посилни и поединствени, затоа што сезоната се уште не е готова и веруваме дека уште еднаш ќе славиме со нашите навивачи. Верувајте во нас, во нашата екипа, како што ние верувае во вас. Ќе ви се оддолжиме“ – напиша Роналдо.

Share
Scroll to Top