(Видео) Нејмар се врати по шестмесечната пауза – ПСЖ го победи Јеонбук

(Видео) Нејмар се врати по шестмесечната пауза – ПСЖ го победи Јеонбук

пред 1 година

Нејмар по пауз од шест месеци се врати на фудбалските терени. Бразилецот го предводеше ПСЖ до победата 3:0 Јеонбук, во јужнороејскиот град Бусан. Овој триумф е прв за ПСЖ на турнејата по Азија, претходно „светците“ еднаш загубија и два пати одиграа нерешено.

Над 43 илјади гледачи имаа можност да уживаат во она што го прикажа Нејмар, кој последниот меч пред овој го одигра уште во февруари против Лил во францускиот шампионат кога го повреди зглобот и мораше да оди на операција.

Првиот гол беше вистинско ремек дело во 40. минута. Со одлична финта се ослободи од играчот на Јеонбук, а потоа со прецизен удар му донесе предност на својот тим.

Нејмар ја обезбеди победата за својот тим во 80. минута кога влезе во просторот и рутински реши еден на еден ситуација со голманот.

Конечниот резултат го постави Асенсио на додавање на Нејмар во 90. минута.

Интересно е што во стартниот состав се најде и Итан Мбапе, 16. годишниот брат на попознатиот Килијан.

Share
Scroll to Top