(Видео) Ниту Ѓоковиќ не остана рамнодушен на мајсторијата на Валверде

(Видео) Ниту Ѓоковиќ не остана рамнодушен на мајсторијата на Валверде

пред 14 часа

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ од каде го проследи возбудливиот натпревар од шпанското фудбалско првенство помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао.

Тимот од главниот град забележа важен триумф против Баскијците (1:0) и остана во шампионската трка, а херој на победата беше Федерико Валверде.

Топката дојде до нозете на Уругваецот по корнер, по што следуваше прекрасен волеј и гол вреден три бода. И тоа во третата минута од судиското надополнување.

Логично, дојде до „ерупција“ од ентузијазам на стадионот на кој беше присутен и Новак Ѓоковиќ, кој неодамна се „пресели“ во Мадрид пред почетокот на тамошниот Мастерс.

Србинот не остана имун на мајсторијата на Валверде.

По овие три бода, Реал остана на само минус четири во однос на Барселона, а следен противник ќе им биде тимот на Хетафе и тоа на гости.

Share
Scroll to Top