(Видео) Оклахома го растури Денвер, Бостон се перфектни на домашен терен

(Видео) Оклахома го растури Денвер, Бостон се перфектни на домашен терен

пред 9 месеци

По убедливата победа над Мемфис, Денвер го претрпе најтешкиот пораз сезонава од Оклахома – 119:93 (33:27, 21:21, 34:20, 31:25).

Никола Јокиќ, по перфектната партија против Мемфис, одигра просечен натпревар со 19 поени, има десет скока и седум асистенции. Јасно е дека кога Јокиќ нема свој ден шансите на Денвер за победа рапидно се намалуваат, осбено против тим каков што сезонава е Оклахома во чии редови блескаше Канаѓанецот Шеј Гилгес Александер со 40 поени.

Атланта на домашен терен е поразена од Сакраменто – 117:110 (23:36, 30:35, 33:20, 31:19) . Домашните имаа дури 18 поени на полувремето, но тоа не им беше доволно да победат.

Добар настап во Атланта имаше Богдан Богдановиќ со 12 поени, четири скока и пет асистенции. Водечки стрелци беа Јанг со 24 и Мареј со 18. Во победничкиот тим подобри од останатите беа Фокс со 31 и Сабонис со 25 поени, десет скока и седум асистенции.

Кошаркарите на Бостон во неизвесна завршница го совладаа Торонто со резултат 120:118 и ја продолжија серијата перфектни резултати пред своите гледачи.

Лидерот во НБА е непоразен во 16 меча на домашен терен, а воедно го подобри и вкупниот учинок на 25-6.

Ова беше петта последователна победа за Бостон и десетта во последните 11 натпревари.

За Бостон, кој играше без двајца од тројцата најдобри играчи, Џејсон Тејтум и Кристапс Порзигинс, но и без најискусниот Ал Хорфорд, Џејлен Браун очекувано ги презеде сите конци во свои раце.

Натпреварот го заврши со 31 поен и 10 скока.

Кај гостите се истакнаа Скоти Барнс со 30 и Паскал Сијакам со 27 поени.

Резултати

Орландо – Њујорк 117:108
Вашингтон – Бруклин 110:104
Атланта – Сакраменто 110:117
Бостон – Торонто 120:118
Кливленд – Милвоки 111:119
Хјустон – Филаделфија 127:131
Денвер – Оклахома 93:119
Феникс – Шарлот 133:119
Портланд – Сан Антонио 134:128
ЛА Клиперс – Мемфис 117:106

Share
Scroll to Top