Кошаркарите на Оклахома сити Тандер се пласираа во полуфиналето во Западната конференција, а на Бостон Селтикс за пласман во оваа фаза им е потребна уште една победа.
Најдобриот тим на Западот, во регуларниот дел од сезоната, Оклахома со 97:89 славеше во Њу Орлеанс и со 4:0 ја доби серијата против Пеликанс.
Оклахома до победата ја предводеа Шеј Гилџис-Александер и Џејлен Вилијамс со по 24 поени, додека кај Њу Орлеанс најдобри играчи беа Јонас Валанчиунас со 19 поени и 13 скока и Си-Џеј Меколум, кој постигна 20 поени.
Во следното коло од плеј-офот, екипата на Оклахома ќе игра со победникот од серијата помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Далас, во таа серија резултатот е 2:2.
Бостон стигна до 3:1 и е на чекор до пласман во второто коло од плејофот на Истокот откако на гостински терен го совлада Мајами со 102:88.
Дерик Вајт, со личен рекорд во плеј-офот, го предводеше Бостон до победата со 38 поени, Џејсон Тејтум додаде 20 поени со 11 скока, додека Џејлен Браун придонесе за победата со 17 поени.
Во тимот на Мајами најдобар беше Бем Адебајо со 25 поени и 17 скока, Тајлер Хиро постигна 19.
Messi, Busquets, Alba and Suarez taking in @MiamiHEAT playoff basketball.
(Via @NBA) pic.twitter.com/enCQbjlKNT
— Major League Soccer (@MLS) April 30, 2024
Овој натпревар од трибините го следеше еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси. Аргентинецот беше во друштво на соиграчите Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба, но ниту тие не му помогнаа на Мајами да избегне пораз.