Познато е ривалството меѓу навивачите на Олимпијакос и Панатинаикос, но на одбојкарското дерби тоа доби ново ниво.
Две фракции се судрија пред салата „Мелина Меркури“, а се започна некаде по 22 часот кога група од околу 150 навивачи излегле надвор од салата.
Според полицискиот извештај, кон нив бил фрлен молотов коктел, а полицијата возвратила со солзавец кој стигнал до оние кои биле внатре, поради што натпреварот е прекинат во вторриот сет.
Во судирите е повреден и еден полицаец, кој се уште е во критична состојба. Од левата надколеница извадена е метална топка со димензии 5х2х2 сантиметри, што предизвика обилно крварење.
Нешто пред полноќ бил однесен во операционата сала кога доживеал срцев удар, но медицинскиот персонал успеал да го оживее и потоа да ја изврши хируршката процедура.
Οι προσαγωγές συνεχίζονται στο κλειστό του Ρέντη! pic.twitter.com/CqfrYamgSk
— Sportal.gr (@SportalgrG) December 7, 2023
Виновниците на овој инцидент од страна на полицијата биле спроведувани во притвор до шест часот во петокот наутро. Полицијата уапсила 424 лица.
Органите на редот им забранија на сите кои се наоѓаат во непосредна близина да го напуштат просторот околу салата. Жените и децата биле поштедени.
Стотици полицајци ги блокираа сите приоди кон салата во обид да ги идентификуваат сторителите. Според грчките медиуми, на лице место биле задржани речиси 1.000 навивачи на Олимпијакос.
Ако е воопшто важно, натпреварот беше прекинат при водство на Олимпијакос во сетови 1:0, додека во вториот ПАО имаше голема предност 18:10.
Μέχρι αυτή την ώρα ισχυρές αστυνομικές δυνάμεις και κλούβες των ματ υπάρχουν έξω από το «Μελίνα Μερκούρη»! pic.twitter.com/21FjXiK01P
— Sportal.gr (@SportalgrG) December 7, 2023