(Видео) Прв пораз на ПСЖ на „Паркот на принцовите“ – Монако победи во Париз

(Видео) Прв пораз на ПСЖ на „Паркот на принцовите“ – Монако победи во Париз

пред 4 часа

Фудбалерите на Монако го победија ПСЖ како гости со 3:1 во дербито на 25-то коло од Лига 1. Ова е прв пораз за ПСЖ, во Лига 1, на домашен терен. Доколку, во недела, Ленс го победи Мец, ќе му се доблиѓи на лидерот ПСЖ на само бод негатива.

Ова беше трет натпревар меѓу овие два тима од средината на февруари, кога ПСЖ и Монако одиграа двомеч во првото коло од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Актуелните европски шампиони излегоа како победници со вкупен резултат од 5:4.

Во петокот вечерта, тимот од Кнежевството успеа да им се одмазди на „светците“ за елиминацијата од Лигата на шампионите.

Ова беше четврти триумф на Монако во последните пет кола.

Стрелци во големата победа на тимот на Себастијан Поконџоли беа Манес Акљуш во првото полувреме, додека Александар Головин и незапирливиот Фоларин Балогун погодија во втроиот дел.

Американскиот фудбалер постигна два гола против ПСЖ во првиот натпревар од нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Единствениот стрелец на голот за тимот на Луис Енрике, беше Бредли Баркола.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top