(Видео) Проектилите на Мулдур и Гулер и пресудија на Грузија

(Видео) Проектилите на Мулдур и Гулер и пресудија на Грузија

пред 5 месеци

Турција ја совладаа Грузија со 3:1 (1:1) во првиот натпревар од групата Ф на Европското првенство во Германија.

Турција и дебитантот на големите натпреварувања, Грузија, во Дортмунд одиграа спектакуларен меч.

Турците за нијанса беа подобри, постигнаа два спектакуларни гола, но имаа многу среќа во самата завршница кога Грузја промаши шанса во 93.минута, а потоа во 96. стативата им беше сојузник, а откако топката се одби блокот на Гонук ја спречи Грузија да изедначи.

Мулдур го постугна првиот гол во 25. минута. Десниот бек од работ на шеснаесетникот со волеј го погоди спротвниот агол. Голот на Мулдер е 500. на европските првенства.

Седум минути подоцна изедначи Микаутадзе.

Во вториот дел ремек дело на младиот играч на Реал, Арда Гулер, кој погоди во 65.минута. Гулер на возраст од 19 години и 114 дена, стана најмладиот играч кој постигнал гол на дебито на европските шампионати.

Грузија во 70.минута преку Кочорашвили имаше добра анса, но неговиот удар заврши во гредата. Турците победата може да ја обезбедат во 87.минта, но Мамардашвили спектакуларно го одбрани ударот на Јазичи.

Откако Грузијците ги пропуштија шансите за израмнување, тошка на натпреварот, на празен гол стави Актуркоглу во 97.минута.

Share
Scroll to Top