Манчестер Сити полека го губи чекорот со Арсенал во борбата за титулата. По третото реми во низа, Сити има пет поени помалку и натпревар повеќе од лидерот на табелата. Во 21-то коло, Манчестер Сити ремизираше со Брајтон 1:1.
Манчестер Сити и Брајтон, четврти пат по ред одиграа нерешено во Премиер лигата.
Ерлинг Халанд го доведе Сити во водство од пенал кон крајот на првото полувреме. Норвежанецот го постигна 150-ти гол за Сити во сите натпреварувања.
Сепак, тој не беше доволен за победа. Каору Митома, по еден час игра, шутираше исклучително прецизно од работ на шеснаесетникот, низ нозете на Нико Гонзалез, и го постави конечниот резултат.
Двата тима имаа свои шанси за сите три бода до крајот, но големите промашувања на Гомес и Халанд на двете страни придонесоа резултатото да остане 1:1.
Брентфорд го победи Сандерленд со 3:0. Игор Тијаго беше стрелец на два од трите гола на својот тим, со што ја продолжи својата одлична серија.
Тиаго има вкупно 16 гола оваа сезона, што го прави играч од Бразил со најмногу голови на елитното ниво на англиското натпреварување, надминувајќи го Роберто Фирмино.
Борнмут и Фулам остварија победи против фаворизираните ривали.
Во неизвесен натпревар, „Чрешите“ победија против Тотенхем со 3:2.
На крајот од натпреварот, Жоао Палиња им донесе израмнување на Тотенхем, но Антоан Семењо, со можеби последниот гол за тимот на Андони Ираола, му донесе триумф на Борнмут во петтата минута од судиското продолжение.
По Ливерпул, Фулам останаа непоразени и против Челзи (2:1), во првиот натпревар без Енцо Мареска на клупата на „сините“.
Гостите играа со еден играч помалку од 22-та минута откако Марк Кукуреља беше исклучен, но на крајот Хари Вилсон погоди за триумф на Фулам.
Foto/ EPA






