Универзитетот Флорида успеа да ја освои титулата во НЦАА откако победи во финалето против Хјустон Кгуарс со резултат 65:63.
Гејторс претходно ги победија Норфолк Стејт, бранителот на титулата Конектикат, Мериленд, Тексас Тек, Обурн на патот до нивната трета титула во НЦАА.
Хјустон Кугуарс го имаа последниот напад на мечот, го имаа нападот за победа, но многу лошо го организираа и не успеаја да реализираат на радост на навивачите на Флорида во „Аламодом“ во Сан Антонио.
За МВП на завршниот турнир беше прогласен Волтер Клејтон Јуниор од шампионот Флорида, кој во финалето забележа 11 поени со 5 скока и 7 асистенции. Поефикасен од него беше Вил Ричард со 18 поени, а Алекс Кондон додаде 12. Кај поразениот тим двоцифрен беше единствен Ел Џеј Крајер со 19 поени и 6 скока.