Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос, во домашното првенство, со 101:94.
Олимпијакос имаше фантастичен почеток на крилата на Тајлер Дорси, постигна 18 поени во првата четвртина.
Интересно, но целиот тим на Панатинаикос имаше само три поени повеќе од Дорси во тој момент.
Во втората четвртина се случи моментот што го одбележа натпреварот, хаос и општа тепачка, што го режираа Кендрик Нан и Тајлер Дорси. Овие двајца беа исклучени, а на Матијас Лесор му беше досуден неспортски фаул.
Kakav haos na utakmici između Panatinaikosa i Olimpijakosa. U glavnim ulogama Kendrik Nan i Tajler Dorsi! pic.twitter.com/JlD708i8mB
— FantomBeograda (@FantomBeograda) March 30, 2026
На полувреме беше 60:44 во корист на Олимпијакос, па во третата четвртина домашните играчи успеаја малку да ја намалат негативата.
Шортс, Осман, Лесор, Слукас… Влегоа „зелените“ во серијата и со поените на Ти Џеј Шортс намалија на 78:74.
Во четвртата четвртина, играчите на Олимпијакос го одбија секој налет, со шутеви за три поени (прво од Алек Питерс), направија доволно голема разлика за да стигнат до победата.
Тајлер Дорси остана најефикасен со 18 поени и 6 скока, Донта Хол имаше 12 поени, 2 скока и 6 асистенции.
Во редовите на Панатинаикос, Џеди Осман забележа 19 поени, 6 скока и 3 асистенции, Ти Џеј Шортс 18 поени и 4 асистенции, Кендрик Нан имаше 17, Костас Слукас 15.
Ергин Атаман не можеше да смета на Најџел Хејс-Дејвис (проблем со листот), Џеријан Грант (повреда на раката), Хуанчо Ернангомез (вирус на желудникот), Никос Рогавопулос (истегнување на мускулот).






