(Видео) Јанг Бојс победи во Истанбул, Галатасарај испадна од Лигата на шампионите

(Видео) Јанг Бојс победи во Истанбул, Галатасарај испадна од Лигата на шампионите

пред 4 месеци

Јанг Бојс, Спарта Прага и Салцбург обезбедија пласман во новиот формат во Лигата на шампионите. Спарта и Салцбург пласманот во голема мерка го обезбедија по првите натпревари, додека Јанг Бојс среде Истанбул целосно го надигра Галатасарај и вистинско чудо е како Швајцарците славеа само со 1:0.

Играчите на Јанг Бојс не се исплашија од атмосферата во Истанбул, во првиот дел целосно го надиграа Галтасарај, два пати ја погодија стативата, а постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел Галатасарај се обиде, меѓутоа гостите беа тие кои ја контролираа играат.

Моментот на одлука се случи во 87.минута, Икарди беше во шанса неговиот удар беше блокиран, а потоа во контранапад Виргиниус постигна гол.

Напаѓачот на Јанг Бојс потоа малку ги провоцираше домашните наввачи, реагираше капитенот на Галатасарај Муслера, па доби црвен картон.

Во Прага, Спарта го победи Малме со 2:0. Во првиот дел двата тима не реализираа по еден пенал, Бирманчевиќ за Спарта, а Кристијансен за Малме. Спарта славеше со головите на Хараслин во 80. и Рахмани во 83.минута.

Салцбург во реваншот со Динамо Киев влезе со предност 2:0, а кога Дахим во 12.минута погоди за 1:0 беше јасно дека Австријците ќе играат во Лигата на шампионите. Динамо избегна пораз со голот на Ванат.

Share
Scroll to Top