(Видео) Јокиќ им ја уништи историската ноќ на Нуркиќ и Дурент

(Видео) Јокиќ им ја уништи историската ноќ на Нуркиќ и Дурент

пред 5 месеци

Никола Јокиќ со помош на Реџи Џексон и Мајкл Портер јуниор ја доби пресметката со Јусуф Нуркиќ и Кевин Дурент, а Денвер славеше во дуелот со Феникс 119:111. Изминатата ноќ во НБА лигата Далас без Дончиќ доживеа пораз, а Филаделфија без Џоел Ембид и Тајриз Мекси доживеа пораз во Бостон.

Денвер предводен од Јокиќ (21 поен, 16 асистенции), односно Џексон (20 поени) и Портер (19 поени, 10 скока) ја забележа 14 победа во сезоната. На спротивната страна репрезентативецот на БиХ, Нуркиќ, го одигра веројатно најдобриот меч во НБА кариерата (31 поен), а Дурент со 30 поени влезе во меѓу 10. најдобри стрелци во историјата на лигата.

Бостон во дербито на Истокот славеше против Филалделфија 125:119.

Џејсон Тејтум беше исклучен откако го удри Роберт Ковингтон, но и покрај тоа беше најефикасен кај Бостон со 21 поен, колку што постигна и Дерик Вајт. Поен помалку за Селтикс уфрлија Браун и Хорфорд. Во отсуство на првите ѕвезди Ембид и Мекси, кај Филаделфија со 26 поени се истакна Патрик Беверли.

Далас без Дончиќ, кој стана татко и доби неколку слободни денови, доживеа пораз на домашен терен од Мемфис 94:108.

Дезмонд Бејн се истакна кај Мемфис со 30 поени, додека во редовите на Далас целосно потфрли Кајри Ирвинг, постигна само 10 поени.

Резултати:

Орландо – Вашингтон 130:125
Бостон – Филаделфија 125:119
Далас – Мемфис 94:108
Торонто – Њујорк 106:119
Њу Орлеанс – Сан Антонио 121:106
Феникс – Денвер 111:119

Share
Scroll to Top