(Видео) Њукасл го запечати местото во ЛШ, Лестер со теоретски шанси за опстанок

(Видео) Њукасл го запечати местото во ЛШ, Лестер со теоретски шанси за опстанок

пред 11 месеци

И покрај тоа што можат да жалат за бројот на пропуштени шанси пред домашната публика, Њукасл вечерва го слават своето враќање во Лигата на шампиони по 0:0 ремито со Лестер. Шампионите од 2016 година, пак, Лестер, сега остануваат со теоретски шанси за опстанок во последното коло во лигата.

„Препородот“ на Њукасл под водство на Еди Хау, секако, потпомогнато од парите за засилувања на новите саудиски газди на клубот е комплетирано со тоа што наместо за опстанок, тие сега можат да се пофалат со топ 4 пласман, пет порази оваа сезона (само Манчестер сити со 4 е пред нив) и со ветување за далеку подобра иднина.

Лестер, пак, ќе се надеваат на „кикс“ на Евертон, на кои во последното коло против Борнмут ќе им биде потребен само поен за да ги испрати нив и Лидс јунајтед во Чемпионшип. Лестер игра дома со Вест хем, додека Лидс, исто така дома, го пречекуваат Тотенхем.

Share
Scroll to Top