(ВИДЕО) Њукасл го растури ПСЖ, Црвенa Звезда спаси бод против Јанг Бојс

(ВИДЕО) Њукасл го растури ПСЖ, Црвенa Звезда спаси бод против Јанг Бојс

пред 7 месеци

Aнглискиот премиерлигаш Њукасл го декласира Пари Сен Жермен со 4:1 во второто коло од Лигата на шампионите. Домаќините поведоа со погодокот на Алмирон во 17. минута, а Брн зголеми на 2:0. Во 50. минута Лонгстаф постигна трет погодок за Њукасл.

Хернандез во 56. минута намали на 3:1, а конечниот резултат го постави Шар во 91. минута.

Црвена Звезда ремизираше (2:2) во Белград против Јанг Бојс. „Црвено-белите“ поведоа со голот на Ндиаје во 35. минута. На 1:1 израмни Угриниќ во 48. минута, додека целосен пресврт 1-2 донесе Итен од пенал во 61. минута.

Сепак, Црвена Звезда израмни на 2:2 со голот на Букари во 88. минута.

Борусија Дортмунд и Милан ремизираа без голови, но, сепак, прикажаа одличен фудбал.

Барселона славеше против Порто со 0:1, но го загуби Роберт Левандовски поради повреда.

Манчестер Сити славеше против Лајпциг со 1:3, а Лацио на гости го победи Селтик со 1:2.

Share
Scroll to Top