(Видео) Џенова го запре Јувентус

(Видео) Џенова го запре Јувентус

пред 11 месеци

Фудбалерите на Џенова и Јувентус одиграа нерешено 1:1 (0:1) во првиот натпревар од 16.коло во Серија А.

Јувентус загуби чекор во трката со Интер за лидерската позиција, а ова беше четврто реми сезонава за двата тима.

Федерико Киеза ја пропушти првата можност за Јувентус во 22. минута, грешката ја исправи пет минути подцна кога постигна гол од пенал.

До крајот на првиот дел Џенова имаше шанса преку Јохан Васкез во 35. минута. Она што не му успеа на васкез, му успеа на Алберт Гудмундсон, тој по одлична акција во 48. минута ја затресе мрежата на Шчесни.

Јувентус се обиде да дојде до победата, добра шанса имаше Бремер во 89. минута, но на место беше и голманот Мартинез.

Во следното коло Џенова на 22 декември гостува кај Сасуоло, а ден подоцна Јувентус ќе гостува кај Фросиноне.

Share
Scroll to Top