(Видео) Џејк Пол успешно опериран, по тешкиот нокаут против Џошуа

(Видео) Џејк Пол успешно опериран, по тешкиот нокаут против Џошуа

пред 3 часа

Борбата што требаше да биде спектакл, или барем така ја најавуваа медиумите, помеѓу јутјуберот Џејк Пол и британскиот боксер во тешка категорија, Ентони Џошуа заврши со тежок нокаут за Пол во шестата рунда.

Иако издржа подолго отколку што многумина предвидуваа, јутјуберот излезе од борбата со сериозна повреда.

Џошуа славеше со силен удар во главата, му ја скрши вилицата на инфлуенсерот. Пол заврши во болница по мечот, каде што му беше дијагностицирана двојна фрактура.

И покрај повредата, Пол не го изгуби чувството за хумор. Тој објави рендген на социјалните мрежи и рече: „Двојна фрактура на вилицата. Дајте ми го Канело за 10 дена“.

Тој објави и видео од болничкиот кревет каде што зборува нејасно додека неговиот брат Логан е покрај него.

„Скршена вилица, благодарам на сите за поддршката, добро сум“, напиша Пол.

Поради повредата, тој сега е на пауза од боксот, а се предвидува дека ќе биде надвор од рингот најмалку четири до шест недели.

Инаку, од борбата во Мајами, Пол и Џошуа заработија по 92 милиони долари.

Share
Scroll to Top