Вилшир се врати во Бурнемаут

Вилшир се врати во Бурнемаут

пред 3 години

Бурнемаут вторпат го ангажираа поранешниот англиски репрезентативец, Џек Вилшир со договор до крајот на сезоната, за тој да најде ангажман откако беше ослободен од договорот од Вест хем во октомври.

Поранешната ѕвезда на Арсенал беше слободен агент, а ја помина сезоната 2016/17 во Бурнемаут, по што тие го повикаа да тренира со тимот на Џејсон Тиндал, кој се бори за влез во Премиер лигата.

„Фантастично е да се вратам тука и едвај чекам да почнам. Од минутата кога влегов во просториите пред три недели, се чувствував како никогаш да не сум заминал. Знам многу од фудбалерите и од тимот тука и затоа ова е одлична вест за мене. Имаме исти амбиции со клубот и едвај чекам да му помогнам“, вели 29-годишниот Вилшир, кој во кариерата се бореше со многу повреди.

Бурнемаут се трети во Чемпионшип, со осум поени заостанување зад лидерите Норич сити, откако лани испаднаа од елитата.

Share
Scroll to Top